
Заедно со потпретседателот на Владата Димовски и министерот за надворешни работи Муцунски оддадовме од името на владата вечен помен на жртвата на великанот, македонскиот јунак Гоце Делчев, и на тој начин само сакаме да покажеме дека како Влада ќе сториме се за да неговите идеали, неговата борба за самостојна Македонија, за македонскиот народ.
Но, и за сите граѓани коишто живеат во Македонија остане вечна, да се сеќаваме на неговиот лик и дело и на тој начин тој лик и дело биде пренесен и на генерациите коишто доаѓаат по нас, бидејќи вредностите во кои што верувал нашиот великан Гоце Делчев за жал денеска некои земји членки на ЕУ сеуште не ги почитуваат.
Не само што не ги почитуваат, туку и не ги спроведуваат. Тој бил пред времето и како таков оставил неизбришлива трага во македонската историја и македонскиот идентитет.
Нека му е вечен поменот и секоја година на овој ден да продолжат и идните влади да одбележуваат вечен помен на ликот и делото на Гоце Дел

Македонски



