
Уште неколку проекти коишто се финансирани од страна на Владата во општините. Од тоа коешто можев да го слушнам од градоначалникот станува збор за вкупен обем на улици и придружна инфраструктура, во вредност поголема од 130 милиони денари, меѓу другото тоа се неколку проекти коишто покрај коишто веќе се реализираат од страна на програмата на Владата за финансирање на проекти во општините. Општина Аеродром на овој начин добива додадена вредност и тоа е многу важно затоа што се подобрува квалитетот на животот на граѓаните.

Јас би сакал да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците, на пратениците, на сите оние коишто учествуваат во реализацијата на овие проекти бидејќи само на овој начин можеме да покажеме дека тоа што го ветуваме тоа и го испорачуваме за граѓаните. Јас сум задоволен кога гледам со каква динамика се работат проектите, еве се запролети и веќе наеднаш повторно сите градилишта се рестартираат, така што очекуваме оваа година сето она коешто беше почнато со првиот и вториот повик преку Министерството за локална самоуправа да биде завршено, а следната година да имаме одреден буџет за да објавиме нов повик и нови проекти да реализираме во општините.

Така што еве уште еднаш благодарен сум на сите оние коишто учествуваат во реализацијата на овој проект. Благодарам до градоначалникот, до советниците, до администрацијата, до пратениците коишто се борат за проект повеќе за својата општина и очекувам така да продолжиме и во периодот којшто следува.“



Македонски


