Skip to main content

Мицкоски оствари средба со Касаноф: Се осврнавме на стратешките прашања од суштинско значење за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Александар Касаноф, помошник државен секретар на САД за Западен Балкан.

Во рамки на разговорите се осврнавме на стратешките прашања од суштинско значење за Македонија, неопходната поддршка од нашиот долгогодишен стратешки партнер САД, како и на актуелните предизвици со кои се соочува нашата држава и регионот. Европската перспектива на Македонија и нејзината активно изразена улога во рамките на НАТО претставуваат клучни приоритети во нашата стратешка визија за иднината, посочи Мицкоски.

Поврзани вести