
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присустуваше на свечено отворање на базен од затворен тип во состав на ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во општина Кисела Вода.
Многу е важно сето она што е започнато да биде и завршено, да не ги оставиме работите да бидат споменици на едно време, колку тоа да ни се допаѓело или не допаѓало, пари се трошени од граѓаните и мора истото да се заврши за да може истото да биде ставено во функција, да може граѓаните да го користат. Следат уште четири базени да бидат пуштени, од овој изведувач, да бидат во функција – изјави Мицкоски.
Тој додаде дека остануваме Влада која ќе биде насочена кон реализација на проекти, реформи, и Влада која што гледа во иднината.
Базенот е еден од петте кои беа почнати од поранешната Агенција за млади и спорт, во 2020 година, и беа оставени недовршени со реализација од околу 20 отсто.
Реализацијата на базенот во Кисела Вода изнесува 46.551.713 денари.
По откочувањето на процесот за изградба од страна на Министерството за спорт, базенот во општина Кисела Вода е завршен во рок од шест месеци, а изградбата на останатите четири базени е во завршна фаза и тие треба да бидат пуштени во употреба до крајот на летото. Другите четири се во општините Ѓорче Петров, Кичево, Битола и Штип.