
На Самитот премиерот Мицкоски ќе оствари средбa со премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер.
На средбата се очекува да се постигне согласност за договор за стратешко партнерство на земјава со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Ова преставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство.
Овој договор преставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и преставува клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка.
Самиот договор се преговараше повеќе месеци меѓу тимови од двете држави, и вклучува членови за блиска соработка во повеќе клучни области.
Се очекува повеќе информации во текот на денот.