Skip to main content

Мицкоски: Нема да растат платите на функционерите, Македонија ќе биде пристојно место за живеење

Целосно свесен за времето во кое живееме и фактот дека се бориме со последиците од минатото, на денешната седница Владата донесе одлуки со кои:

Нема да растат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на судскиот совет, јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители и истите преку интервенција во коефициентите за пресметка на платите се замрзнуваат.

Нема да има исплата на 13та плата во сите органи на државната управа и средствата ќе се пренасочат за развојни проекти.

Започнува исплатата на К15 за сите вработени во целата администрација.

Македонија ќе биде пристојно место за живеење, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Мицкоски.

Поврзани вести