
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид на градежните активности на делницата од Климештани до Охрид, која е дел од автопатот Кичево – Охрид.
Увидот ќе биде на локацијата кај натпатникот Подмоље, каде што се одвиваат значајни инфраструктурни зафати во рамките на еден од најважните патни правци во земјата, а премиерот ќе биде придружуван од министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски.
Како што соопшти владината прес-служба, по завршувањето на увидот, премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиумите.