Skip to main content

Мицкоски: Можеме да избереме Судски совет кој што ќе може да го разбистри ова политичко мочуриште и да биде своевиден монитор на тоа како судите се однесуваат

Ние неможеме да направиме целосно распуштање, ниту пак можеме за така кратко време да ги детектираме аномалите, но можеме да избереме Судски совет кој што објективно, без партиски стеги, без интереси ќе може да го разбистри ова политичко мучуриште и да биде своевиден монитор на тоа како судите се однесуват, какви одлуки носат и зошто носат такви одлуки, вели во изјава за медиумите Мицкоски.

Во изминативе месеци, морам да признаам дека се запознавав детално со начинот на функиоционирање, начинот на избор, инситуционалната меморија и сето она и сето она што е поврзано со судско-обвинителскиот ситем во државава. Јас кога нешто не знам се трудам да седнам и да го учам сето тоа и заедно со министерот со сите луѓе кои што работаат во министерството за правда, со заменикот, со државниот секретар, заедно со пратениците и пратеничките групи, анализираме, споделуваме искуства, бараме решенија и така натаму, и не е тајна ако кажам дека граѓаните не се задоволни како функционира судско-обвинителскиот систем кај нас, дека тоа е едно мучуриште кое изобилува со многу контраверзии и скандали – изјави Мицкоски.

Доколку парламентарците изгласат недоверба или интерпелација на членовите на судскиот совет, мислам дека истите ќе бидат доблесни и ќе се повлечат смета премиерот Мицкоски

Ние неможеме да направиме целосно распуштање, ниту пак можеме за така кратко време да ги детектираме аномалите, но можеме да избериме Судски совет кој што објективно, без партиски стеги, без интереси ќе може да го разбистри ова политичко мучуриште и да биде своевиден монитор на тоа како судите се однесуват, какви одлуки носат и зошто носат такви одлуки. Цениме дека треба да се удри во чело, да не се обидуваме да импровизираме, да правиме импланти и така натаму, а ударот во чело подразбира дека сето она што е во ингиренции на Парламентот, а тоа е изборот на оние членови на Судскиот совет, таму каде што се бираат таму и да се се изгласа и Интерпелација. Точно е тоа и покрај тоа што ќе се изгласа интерпелација, тие можат и понатаму да останат да бидат дел од Судскиот совет, не велам дека тоа е неточно, но во услови кога тој што те избрал ти гласа повторно недоварба и продолжуваш да водиш инает тоа не е добро, и тогаш имаме и други механизми, други алатки, но јас се надевам дека доколку парламентарците изгласат недоверба или интерпелација на членовите на судскиот совет, мислам дека тие истите ќе бидат доблесни и ќе се повлечат – вели Мицкоски.

Претходно премиерот на социјалната мрежа на Фејсбук објави дека денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива во Собранието за разрешување на Судскиот совет, и покрај сите укажувања на експертите дека тоа е притисок и мешање во судството и досегашните смени кои покажаа дека во независни тела се именуваат партиски луѓе.

Поврзани вести