![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/04022025_mickoski_pres_2-1024x683.jpg)
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, во организација на Министерството за локална самоуправа напладне ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација и реконструкција на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Општина Аеродром.
Овој проект е еден од осумте кои ќе се реализираат со средства од државниот буџет, одобрени на првиот јавен повик за финансиска поддршка на општините.
Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.