
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос безбедноста и лиценци за ноќните клубови и кабареата, што вчера дознаеме дека само 12 клуба во целата држава имаат лиценци и работата на инспекторатите досега, изјави:
„Во моментот трае акција на Државниот пазарен инспекторат, на целата територија на државата. Инаку согласно Законот за угостителство се лиценцираат кабареа, се лиценцираат отворени и затворени дискотеки. Јас би кажал дека не е толкава бројката на целата територија, но е многу поголема од тие коишто имаат обезбедено законски документ. 2007 е сменет Законот.