
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присустува на свечено отворање на базен од затворен тип во состав на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во општина Кисела Вода.
Како што се наведува во владиното соопштение, базенот е еден од петте кои беа почнати од поранешната Агенција за млади и спорт, во 2020 година, и беа оставени недовршени со реализација од околу 20 отсто. Другите четири се во општините Ѓорче Петров, Кичево, Битола и Штип.
По откочувањето на процесот за изградба од страна на Министерството за спорт, базенот во општина Кисела Вода е завршен во рок од шест месеци, а изградбата на останатите четири базени е во завршна фаза и тие треба да бидат пуштени во употреба до крајот на летото, соопшти владината прес-служба.
Реализацијата на базенот во Кисела Вода изнесува 46.551.713 денари.