Skip to main content

Мицкоски: И за милиметар пропуст ќе бидат затворани објекти

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција најави акција за проверка на потребната документација за сите објекти и клубови нагласувајќи дека контролата ќе биде ригорозна и нема да биде поштеден ниту еден ако се утврдат и најмали пропусти.

„Од утре почнува голема акција во насока на проверка на сите документи, сите лиценци, сите дозволи за градба, сите дозволи за употреба и за работа на овие објекти. Милиметар да недостасува ќе бидат затворени и тука нема да има милост кон никого“, рече Мицкоски.

Поврзани вести