
Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе го посетат студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу” во Скопје и ќе извршат увид во активности за енергетски ефикасна рехабилитација на објектот.
Активностите, како што соопшти Владата, се одвиваат во рамки на проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на девет државни студентски домови, кој се реализира со поддршка од Европската унија и Германската развојна банка