
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека веќе ги добил предлозите на ВРЕДИ и ЗНАМ за новите министри во реконструираната Влада, дека за него тие предлози се сосема во ред и дека очекува поуспешна работа на новиот владин состав.
Да, ги имам предлозите и за новите министри од ВРЕДИ и од партијата ЗНАМ, но ќе оставам тие да ги кажат, да не ги кажувам јас. За мене тие предлози се сосема во ред и очекувам да имаме уште поуспешна работа во новиот состав на Владата, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Кисела вода.

Македонски


