
Македонија енергетски е во исклучително добра сосотјба и нема предизвик во однос на гасот, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски информира дека вчера разговарал со поголемите нафтени компании. Воедно потсети дека државава не е голем потрошувач на гас, како и дека има план.
Според премиерот, нормализацијата на снбадувањето во глобални рамки би можело да се очекува дури напролет.
Ние не сме голем потрошувач на гас како држава, што во случајов е олеснителна околност, но, да, тоа ќе биде предизвик, имајќи го предвид пролонгираниот ефект на војната во Заливот. Утре да престане таа војна, а нема, според ова што го слушаме, најверојатно, некаде, тоа би можело да биде во декември, да се нормализира испораката на нафта и гас од Заливот, ќе треба најмалку еден месец до 45 дена да стигнат тие количини до потрошувачите. Така што, некаква нормализација дури на пролет следната година зашто од 6-7 милиони барели дневно сме спуштени на под два и ако се реализира забраната за извоз од САД, читајте и Венецуела, тоа ќе биде сериозен предизвик. Ние имаме план. Знаеме како сето тоа ќе го реализраме. Вчера разговарав со поголемите нафтени компании. Добро е што имаме план, што продуктоводот работи, добро е што го пуштивме, таму имаме количини не само за нас, туку и за соседите. Во моментов, од денешна оптика ако ги гледаме работите, немаме предизвик во однос на гасот, но, да, во Европа ќе има сериозен предизвик и очекувам сериозни предизвици. Но, ние во овој момент, енергетски сме во исклучително добра, солидна состојба – подвлече премиерот по промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“.
На прашањето за евитната тарифа, Мицкоски истакна дека се уште пресметките не се дадени во рамки на РКЕ.
Она што денеска се случува во светот е прилично предизвикувачка состојба на енергетски план. Сведоци сме на најголемата енергетска криза што ја памти човештвото. Кај нас состојбата е стабилна, за разлика од другите земји не воведуваме забрана за извоз, ниту посебни мерки, напротив. Имаме јасен план и стратегија што треба да правиме, а резултатот е тоа што имаме најниски цени на горивата во Европа, едно од најниските цени на електрична енергија во регионот и Европа. Се бориме таа цена да остане иста и убеден сум дека ќе остане иста. Да видиме следната година какви се можностите во одредени периоди од годината кога имаме поголемо производство на електрична енергија од сонце, да го продолжиме периодот на евтина тарифа. Во услови кога сите ги зголемуваат цените, кога светот се бори со предизвици за инфлација, ние размислуваме како од предизвикот да препознаеме шанса и таа шанса да ја преточиме во можност за нашите граѓани – потенцира Мицкоски.

Македонски

