Skip to main content

Мицевски: Филипче не смее да побара оставка од тепачот Акиов

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Филипче не смее да побара оставка од тепачот Акиов, се плаши ли дека ќе проговори за нивната врска?, рече Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Дали Венко Филипче молчи и не смее да побараа тепачот од Кочани да си даде оставка од сoветничкото место, затоа што Акиов му кажал дека ќе проговори по чии насоки го направил инцидентот?

Венко Филипче заедно со Зоран Заев сковаа план за дестабилизација на ситуацијата во Кочани, преку тензии и говор на омраза, а тепачот Акиов е нивна алатка која требаше да го запали огнот.

Сега откако планот на Филипче и Заев за дестабилизација на Кочани не успеа, тие декларативно го осудуваат чинот, но запреа откако очигледно добија закана дека ќе бидат обелодените.

Срамота е до каде дојде СДС да најмува тепачи за дестабилизација на државата и ширење на говор на омраза.

Прашање: Кој е вашиот коментар за денешната трибина на СДСМ, во однос на една година од формирање на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ?

Одговор: По однос на денешните активности на СДС, би сакале да потсетиме и никогаш да не се повтори, 10 причини зошто Македонија беше понижена во време на власт на СДС:

Промена на име;
Срамен договор со Бугарија;
Криминал во РЕК Битола;
Запалена модуларна болница и без никаква одговорност, 14 починати;
Дурмо турс – 16 загинати;
Беса транс – 45 загинати;
Артан Груби и Енвер Беџети на црна листа поради корупција;
Судии и обвинители бирани од тефтери на Заев и компанија;
Тендери во 4 очи;
Онкологија и ќарот врз грбот на граѓаните кои се борат за живот;
А еве и 10 причини дека во првата година, Македонија ја градиме од темелите на промените:

Од минус и раб на банкрот, зголемивме пензии за 5000 денари;
Од минус и раб на банкрот, зголемивме плати во образование, здравство, МВР и други;
3.Се градат автопати како никогаш досега, 4 во исто време;

     4. 1,2 милијарди СДИ за само 6 месеци;

     5. Реконструкција на студентски домови;

     6. 9 милијарди денари субвенции за земјоделците исплатени во рекордни суми;

     7. Поддршка за општините и бизнисите од над 500 милиони евра;

     8. Стратешки договор со ОК;

     9. Достоинствено претставување на Македонија на европска сцена;

    10. И 1 година без скандали, криминал и корупција;

Денес СДС настапува со луѓето поради кои загуби. Иднината на оваа партија се ликови како Фрчковски, Андреј Жерновски, Венко Филипче, а во позадина стои Заев. Сето ова укажува дека СДС паѓа уште пониско и не научила ниту една важна лекција.

Ова се разликите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Разликите се очигледни и граѓаните ги препознаваат, истакна Мицевски.

Поврзани вести