Skip to main content

Meџити: Ќе го изградиме Чаир од иднината

Проширувањето на буџетските извори преку европските фондови, особено преку програмата Horizon Europe, претставува реална можност за одржлив развој и модернизација на општината, порача Изет Меџити кандидат на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, на денешната прес конференција.

Меџити, изјави дека приоритет на неговиот тим е создавање на разновидност во буџетската структура и обезбедување нови извори на финансирање со цел зголемување на капиталните инвестиции и долгорочните развојни проекти.

-Наш приоритет е да создадеме разновидност во буџетската структура и изворите на финансирање, со цел да ја зголемиме можноста за капиталниинвестиции и долгорочни развојни проекти. Во оваа насока, постојано истражуваме различни начини на финансирање, со јасна цел, да изградимепоразвиен, иновативен и конкурентен Чаир. Според досегашните податоци, Македонија има добиено нето само околу 12 милиони евра од
програмите на Horizon, што претставува само 0.03 отсто од вкупно достапните средства. Овој податок јасно покажува дека има голем простор занапредок, и време е општините, особено Чаир, да преземат поактивна улога во оваа насока, нагласи Меџити кој на прес-конференцијата беше придружуван од неговиот советник за финансии и буџет, Бујамин Бела.

Чаир, додаде Меџити, ќе следи нов пристап во развојот, преку аплицирање за проекти што носат повеќе инвестиции, работни места и поквалитетниуслуги за граѓаните, користејќи ги европските фондови и меѓународната соработка.

Меџити ги претстави и четирите приоритети на неговата програма за развој на општината:, а тоа се: Енергија и енергетска ефикасност, Зелена транзиција и управување со отпад, Дигитализација и информатички технологии и Иновации и научно истражување.

Советникот за финансии и буџет на Меџити, Бујамин Бела, нагласи дека програмата Horizon Europe не претставува само финансиски извор, туку и широка можност за интеграција и меѓународна соработка.

-Со вкупен буџет од 95,5 милијарди евра за периодот 2021–2027, со продолжување до 2035 година, оваа програма отвора големи можности за локални реформи, одржлив развој и зајакнување на врските со Европската унија, потенцираше Бела.

Тој претстави и неколку конкретни проекти за кои Чаир има аплицирано и кои чекаат практична имплементација:

-“Урбани предизвици и климатска отпорност“, проект со вкупна вредност од 10 милиони евра, во кој Чаир ќе учествува како репликатор заедно со
градови како Барселона, Берлин, Милано, Лисабон, Порто, Букурешт и Атина;
-“Co4RES“, европска иницијатива за интеграција на обновливите извори на енергија во енергетската мрежа, со над 39 партнери од 15 земји, која
користи дигитални механизми и напредна анализа на податоци за поголема ефикасност и одржливост;
-“Одржлив и климатски отпорен град“, кој вклучува урбано зеленило, управување со топлината, инсталација на соларни системи (PV) во училишта
и болници, како и промоција на електричен транспорт и енергетска ефикасност.

-Веќе преземаме конкретни чекори: Во Општина Чаир формираме работни групи специјализирани за европски фондови, составени од професионалци од
различни области, кои ќе подготвуваат и аплицираат со конкретни проекти во рамки на Horizon Europe и другите програми на ЕУ, истакна Меџити.

На крајот, Меџити подвлече дека неговата цел и целта на тимот на ВРЕДИ во Чаир е јасна и амбициозна.

-Нашата цел е јасна и амбициозна: Чаир да стане лидер-општина во искористување на европските фондови во Република Македонија. Заедно, со посветеност, транспарентност и знаење, ќе го изградиме Чаир на иднината, зелен, дигитален и иновативен!, порача Меџити

Поврзани вести