Skip to main content

Манасиевски: Владата на СДС тврдеше дека нема да има нови блокади кон ЕУ за билатерални прашања, сега се демантирани и од ЕУ

Димитар Ковачевски како премиер и претседател на СДС тврдеше дека уставните измени се последна пречка за влез на Македонија во ЕУ, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС водеше кампања со која не убедуваше дека само што не сме влегле во ЕУ, а пречка за тоа се уставните измени, после кои се ќе се смени.

ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш кажа дека СДС, Ковачевски, Маричиќ, Зечевиќ и Османи лажат. И дека уставните измени се само почеток на бугарските барања.

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше, сега го кажаа и од ЕУ, односно еврокомесарката Марта Кос, потврди дека нема гаранции дека ова се последните бугарски барања.

Еврокомесарката Кос кажа дека не може да потврди дека нема да има нови блокади заради билатерални прашања“ додаде тој.

Каде се СДС сега? Каде се сокрија? Откако ја доведоа државата во безизлезна ситуација тие се кријат и молчат, изјави Валентин Манасиевски.

Поврзани вести