
По повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, денеска, вечерва на Плоштад Мајка Тереза се одржува првата политичка платформа со наслов „Повеќе учество, повеќе демократија” во организација на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ.
Настанот ќе го отворат Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија, и Марија Митева, претседателка на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата.
Во рамките на политичката платформа ќе се одржат две последователни панел-дискуси.
На првиот панел, со наслов „Учеството како двигател на демократијата“, ќе се обратат Тимчо Муцунски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Ивановска, генерален секретар на Извршниот комитет на Унијата на жените и државен секретар во Министерството за образование и наука, Ана Шутиновска, член на Извршниот комитет на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ, и Маре Богева, член на Извршниот комитет на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ и директорка на Бирото за јавни набавки.
На вториот панел, со наслов „Улогата на политичките партии во демократското учество“, ќе се обратат Владо Мисајловски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за одбрана, Ленче Нелоска, потпретседателка на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Геронтолошкиот завод во Скопје, Драгана Арсова, член на Извршниот комитет на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, и Елена Кочоска, член на Извршниот комитет на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонски

