Skip to main content

Лице осудено за палење на канцеларијата на Иванов го организира денешниот протестен марш

Неформалната група „Кој е следен?“ за вечерва во 18:59 има закажано протест на плоштадот во Скопје. Како организатор на настанот во полиција се пријавил 29-годишниот Борјан Ефтимов кој има досие за насилство на слични настани, пишува Лидер.

Во мај 2016 година, Ефтимов бил осуден на 3 месеци условен затвор за палењето и демолирањето на канцеларијата на тогашниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов.

-Борјан речиси еден месец е во куќен притвор, а се жалеше дека судијата не сакал да го сослуша уште пред да му биде одреден притвор, бидејќи на тој начин тој веднаш ќе го признел делото и немаше да има простор за одредување на притворот – пишува во тогашната објава на порталот Фактор.мк.

Кратко по промената на власта, Борјан Ефтимов доби своевидна награда за неговото учество во шарената револуција, па откако се укинаа директните избори за студентски лидер на студентите на УКИМ, тој со 26 гласа на некакви делегати бил избран за претседател на Универзитетското-студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, види линк.

Пленуми, протести и инструктори од Србија

Добро упатени извори, за Радио Лидер сведочат дека во меѓувреме Борјан Ефтимов завршил факултет но очигледно не може да излезе од улогата на студентски лидер, па така во изминатиот период организирал сценарио во кое НСС (Независно Студентско Собрание) и Студентскиот пленум, ќе се соберат и ќе се претопат во неговата иницијатива „Кој е следен?“

Поврзани вести