
Вчера имаше големи апсења на Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, газдата на Пуцко Петрол. Меѓу овие имиња се споменува и Ерџан Сулковски.

Кој е Ерџан Сулкоски?!
Сулкоски бил партнер со зетот на Ахмети, Куштрим Смајлај. Во 2022 година ја основале фирмата „К.С.А. Интернешнл“ и остварил големи резултати. Сулкоски, освен во фирмата на зетот на Ахмети, во 2022 станал косопоственик и на компанијата РКЕ на Ратко Капушевски, која ги добиваше најголемите тендери за набавка на мазут за државни потреби чија вредност беше околу 120 милиони евра.

Ерџан Сулкоски излегол од фирмата „К.С.А. Интернешнл“ во која бил косопственик и коуправител со зетот на Али Ахмети на 23 август 2023 година.