Skip to main content
Y06kpb0zU5I

Лефков: Венко Филипче и СДС не смеат да се оградат од Ордановски и отидоа во прегратки на Левица контра Трамп и Америка

Венко Филипче и СДС не смеат да се оградат од Ордановски и отидоа во прегратките на Левица, контра претседателот Трамп и Америка, рече на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков.

Венко Филипче и СДС со денови молчат и никако не се оградуваат од Сашо Ордановски, кој важи за сива еминенција на партијата, за неговите навреди врз претседателот Трамп и САД. Очајниот Филипче и СДС се спремни да го свртат курсот на државата и да ја оддалечат од нашиот стратешки партнер САД. СДС се до толку загубени и немаат политика, што почнаа да ги копираат Левица. И СДС и Левица се против добрите односи на САД и Македонија, а се за Енвер Хоџа и комунистички диктатори. Што е следно? Филипче да побара од Апасиев да го однесе на гробот на Енвер Хоџа? Воочлива е безидејноста на СДС, но и потребата по секоја цена да се оди против се што е добро за државата, со надеж дека ќе соберат некој поен, по логика само ним разбирлива, истакна Лефков.

За жал на СДС и Филипче, а за среќа на Македонија, државата ја води ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои имаат јасна стратешка ориентација кон САД и се за силен економски развој на Македонија, додава Лефков.

Поврзани вести