Skip to main content
NNsdeJsV6jk

Кои се „пациентите“ за прибирање во Обвинителство?

Алооо обвинителство, прием. Гледате, слушате што се случува? Излезете од дупката. Пред очи ви споделуваат слики од политичари во паравоени униформи,, a од државата кој стигне влегува и излегува.. Хотел промаја. Што би се рекло имате пациенти за прибирање.

Јас не знам што прават на сабајле кога ќе дојдат на работа обвинителите. Гледаат ли медиумиl, читаат ли нешто додека го пијат утринското кафе или нису одавде,прашува авторот на ТВ Колумната „5 миниути со Чавез“.

Еден од првите што мора да го викнат барем на разговор е лидерот на ДУИ Али Ахмети. Неговата партија споделува видео во кое тој во униформа на УЧК вели дека “никогаш не изгубил ниту една војна бидејќи војниците му го подариле мечот..

Видеото маггчно исчезна, Што ти прави еднна најава на Стејт Департмент дека има нови кандатити за црни листи од балканот. Прпа а.

Ако ова не е повик за рапорт во обвинителството не знаам што е. Команданот треба да објасни и како знае дека Артан Груби е на албански територии а не се слушаат. Тоа помина онака незабележано, за нашето два посто обвинителство, а се работи за лице кое е со меѓународна потрерница.

Не може Али да не знае каде е Груби а се кумови.А кум не е дугме . Ахмети е кум na детето на Груби. Сигурно малиот Епир го прашал кумот каде е татко му. А Ахмети целиот во шок вели , ја чудим, бев во подрум. Еј куме куме златен во небрано ти си фатен.

Уште еден кандидат за исказ во оббинителството е внукот на Али, Дрин Ахмети. Само тоа не е можно бидејќи и Дрин исто како Груби и Васко Ковачевски навреме си ја кидна.

Дрин испрати разгледница како лабаво се шета со брат му во Њујорк. Со нив бил и братму на Али Ахмети. Оној де, кој му седеше на врат на обвинителот за организиран криминал Ислам Абази.Хепи фемили.

Откако За џабалк ја купи Соравија. стана јасно за каква превара станува збор бидејќи трговскиот центар му го препродаде на финасиер на УЧК од Америка. Дил ориентед, нема што.

Не беа само троговските центри интересни за најспособниот внук на Ахмети. Фирмата на Дрин добивала тендери од државата, се разбира додека чичо беше ба власт ,а беше и подизведувач на Коридорот 8. Значи кога те бива за се те бива.

Али Ахмети ми е чичко и Бог да го благослови. Тој ми е мотивација. Ахмети ѝ помогна на оваа држава -велеше Дрин додека на власт беше неговиот чичко.Навистина е грев да се бркаат вакви бизнисмени од државата.

Мина една недела од изјавата на Костадин Костадинов, не оној струмичкиот ,туку бугарккиот кој бара Македонија да се присоедени кон Бугарија. Видовте некоја реакција од Бугарија или од ЕУ? Нема ни да видите бидејќи таквите руски шовинисти западот ги толерира.

А дека овој лик не е било кој покажува и тоа што неговата партија Преродба е трета по популарност во Бугарија и лесно може да влезе во владата. И после ќе дојде Костадин како министер за надворешни работи и среде Скопје ќе вели дека сме Бугарија и затоа најдобро ќе ни биде да се припроиме кон Бугарија. Еднаш беше толериран кога на власт беше СДСМ. Сега најмалку треба да добие статус непожелна личност.

СДСм до душа со пола уста ја осуди изјавата на Костадинов. Туку дали слушнавме осуда од оној што за бадник јадеше со златни виљушки и лажици покрај билијард маса и кој викаше дека со бугарите сме сшти народ и оти зборуваме ист јазик. Господе што да кажам да не згрешам.

Еден, два, три… влупно 14 бугари дојдоа на панихидата за бугарката Мара Бунева. Е овие бараат да влезат во Устав,. Заради овие не можеме да почнеме преговори со ЕУ.

Американскиот претседател уште нестапнат на фукнција доволно направи за медиумите во Македонија. Поради ефектот Трамп, газдата на Фејсбук најави дека ќе се укинуваат факт чекерите. Само ние што сме во овој бизнис знаеме колку зло донесоа овие ликови. Тие кажуваа што е вистина а што било според нив лажна вест. Само еден може да кажува дали нешто е лажна или вистинска вест, а тоа е неговото височество читатателот или гледачот.

А тоа што го правеа т.н проверувачи на факти со прости зборови се нарекува одбработување за СДСМ. И ништо друго

Поврзани вести