Skip to main content

Коцевски за случајот со непотребни операции: Чекаме изнформации од Комисијата, за да преземеме нешто ако е потребно

Фото: Freepik

Во однос на случајот со наводи за извршени непотребни операции на срце на пациенти, обвинителот Коцевски вечерва на ТВ Сител изјави дека се уште нема посебни информации освен оние што ги објавуваат медиумите. Рече дека чекаат одлука од Комисијата за тој случај и таа да им достави  документација за, како што рече, „евентуално да постапиме и да дадеме одредени упатства за преземање дејствија“. 

Рече и дека се уште не се знае дали ќе има проширување на осомничени за злоупотреби во Платежната агенција за земјоделство. Во моментов се истражуваат телефоните, во притвор се неколкумина, еден во домашен. 

-Постапката мора да биде брза имајќи предвид дека се работи за притворенички  предмет. Но, се зависи од добивање на доказите односно обезбедување цврсти и сигурни докази, додаде државниот јавен обвинител во интервјуто за ТВ Сител. 

Поврзани вести