Skip to main content

Кочовски: Во наредните 4 години ќе го реконструираме Здравствениот дом, ќе го зголемиме капацитетот на детската градинка, туризмот останува наш приоритет

ВМРО ДПМНЕ

На денешниот митинг во општина Вевчани, градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Спасе Кочоски, истакна дека се што е ветено е исполнето изминатите четири години и дека ќе се продолжи со зсилено темпо да се работи одговорно, посветено и чесно за да општина Вевчани биде општина достапна и отворена за своите граѓани.

Програмата за следните 4 години ветува многу работа, проекти, инвестиции, визија и идеи за развој и просперитет на Вевчани. Приоритет ни се нови инвестиции не само во инфраструктурата туку и изградба на мултифункционална игралиште во Вевчани, реконструкција на старата Кино сала, доградба на градинката во Вевчани, ќе изградиме и нови водоводни и канализациони линии, инфраструктурата ни е пред се, сите проблеми што ги имаме мапирано да ги решиме ,никој нема да биде заборавен“, рече Кочовски.

Градоначалникот Кочовски истакна дека ќе продолжи да се вложува во културата и туризмот, ставајќи го во фокусот Вевчанскиот карневал, со што Вевчани би била најпосакувана туристичка дестинација.

Во делот на туризмот, се обврзуваме на континуирана поддршка и организација на Вевчанско лето, поддршка на Вевчански карневал, поддршка на Василичарски друштва, поддршка на фестивалот за народна култура и традиција „Пображење“, поддршка на здруженија на граѓани кои се занимаваат со развој на вевчанската култура и традиција. Со ова ќе ја направиме Вевчани најпосакувана дестинација за туристите.

Исто така тој стави акцент и на проектите кои ќе следат во здравствениот сектор, како реконструкцијата на ЈЗУ „Здравствен дом“ Вевчани.

Во однос на социјална и здравствена заштита, се обврзуваме на реконструкција на кров и поткровје во, ќе продолжиме со поддршката на здружението на пензионери, а ќе ги отвориме и вратите за соработка со останатите здруженија на граѓани во областа на социјалната и здравствена заштита, а ќе ја зголемиме и финансиската поддршка за секое новороденче во Општина Вевчани“, вели Кочовски кандидат за градоначалник на општина Вевчани од ВМРО-ДПМНЕ чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.

Поврзани вести