Skip to main content

Клековски: Првите три пациенти се пренесени во Солун

Првите три пациенти од трагедијата во Кочани, со возила со интензивна нега, се пренесуваат во болницата Папаниколау во Солун. Благодарност за брзата реакција и на дипломатите и на лекарите. Следниве два часа ќе се пренесат пациенти во Бугарија и во Србија. Денес ќе се пренесат пациенти и во Турција.Сите, сите повредени ќе бидат згрижени најдобро што можеме!, соопшти директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.

Тој додаде дека осум пациенти се во моментот на аеродромот во Скопје и ќе се пренесат во болниците Пирогов во Софија и во Варна.

Поврзани вести