Skip to main content

Киро Глигоров одбил 100 милиони долари за да го смени името, стои во декласифицираните документи од ЦИА

Првиот претседател на Македонија Киро Глигоров се споменува во декласифицирани документи од архивите на американската разузнавачка служба – ЦИА – го потврдуваат овој епитет, откривајќи ја неговата внимателна дипломатска игра во раните 1990-ти години, пренесува албанската новинска агенција ИНА.

Според документ на ЦИА од ноември 1992 година, се изнесуваат детали за тоа во која насока се движела Македонија како новоформирана држава по отцепувањето од поранешна федерална Југославија, со новиот лидер кој доаѓал од Белград.

Во време кога регионот тонел во крвопролевање, Глигоров успеал да маневрира меѓу силните притисоци од Грција, ризикот од Белград и внатрешните етнички тензии со Албанците. Во разузнавачките извештаи тој бил опишан како „мудар реформатор“ со извонредно владеење на стратешките детали, пренесува ИНА.

Глигоров одбил 100 милиони долари од Грција за да се купи името на Македонија

Документот открива изненадувачка заднина: и покрај итната потреба од економска помош, Глигоров одбил приватна понуда од грчки функционери во износ од 100 милиони долари, со услов да се смени името на државата. Претседателот ги оценил грчките барања како целосно неразумни, изјавувајќи дека Македонија никогаш нема да ги прифати. Тој инсистирал дека републиката дала доволно докази дека нема територијални претензии кон соседите, истовремено изразувајќи длабоко разочарување од Европската заедница, која ја поддржувала грчката вето-политика, пренесува ИНА.

Извор: INA

Поврзани вести