Skip to main content

Камчев од Валандово: Преговарем да се реактивира стопански објект и да вработи 100 луѓе

Кандидатот за градоначалник од Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за општина Валандово, Ѓоко Камчев се обрати на мини митингот во пресрет на втор круг локални избори 2025. Најпрвин, Камчев упати благодарност до сите поддржувачи во првиот круг иако многумина не верувале на успехот.

Се манипулира со јавноста преку социјалните мрежи но вистината е сосема поразлична, на 2 ноември одиме на голема победа за Валандово, за целата општина, за сите населени места. Ќе имаме можност да ја реализираме програмата, да го реализираме она што го ветуваме уште пред првиот круг, да ја реконструираме водоводната мрежа во сите населени места, за изградиме нови модерни забавни паркови за децата во сите населени места. Да на правиме вистински развој на општината, да ја придвижиме економијата и ќе ве известам дека преговарам со двајца инвеститори на еден стопански објект кој што неодамна прекина со работа да се реактивира и повторно да вработи повеќе од 100 луѓе – рече Камчев.

Поврзани вести