Skip to main content
ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ ОД ПРЕМИЕРОТ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДПМНЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

Како народ, отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг во најважните моменти

Како народ, отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг во најважните моменти. Токму затоа, денес повеќе од кога било, потребно е да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина исполнета со мир, стабилност и просперитет за сите граѓани, порача премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во честитката по повод Рамазан Бајрам.

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе, почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот. Овој празник нè учи дека силата на едно општество се мери преку тоа колку сме подготвени да подадеме рака, да помогнеме и да покажеме разбирање. Нека радоста од Бајрам ги исполни вашите домови со топлина, љубов и благосостојба. Да ги споделиме убавите моменти со семејството, пријателите и сите оние на кои им е потребна поддршка и внимание. Со искрени желби за здравје, напредок и благодет!, се вели во честитката на премиерот Мицкоски.

Поврзани вести