Skip to main content

Јошевска-Анастасовска: Истрагата за пожарот се одвива брзо и со добра координација меѓу Јавното обвинителсто и МВР

Во гостување во „360 степени“ адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска беше запрашана да даде генерална оценка на досегашниот тек на истрагата за пожарот во Кочани, врз основа на тоа што е досега јавно познато. Таа одговори дека нејзиниот впечаток е дека се одвива брзо и со добра координација меѓу Јавното обвинителсто и МВР.

„Добро е што како граѓани чувствуваме дека несогласувањата ги имаат ставено на страна и се заедно насочени кон една цел, а тоа е да се добијат што е можно повеќе сознанија во оваа рана фаза, за да може понатаму да работат во истрагата и да се откријат сите кои на каков било начин се директно и индиректно одговорни за оваа несреќа. Од тој аспект, формалниот впечаток е дека тече системски добро, одлично, со впрегнување на сите можни сили, и верувам дека е така. Она што го добиваме како информација од Обвинителството е дека работат многу обвинители, а и останати органи на државната управа кои помагаат во добивањето на сознанијата. Тоа што поткрева дилеми, од петокот навака, е на кој начин Обвинителството се одлучува уште отсега да ги постави контурите на идното обвинение“, изјави Сузана Јошевска.

Поврзани вести