Skip to main content

Јанков: На Струмица и се потребни големи промени во делот на водоводот и канализацијата, за загадувањето на воздухот соодветно ќе одговориме

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков гостуваше на емисијата „За или против“ на Алфа ТВ. Тој се осврна на горливиот проблем со водоводот во општината, како и со проблемот со питката вода кој го имаа струмичани минатата година.

Јанков рече дека во програмата има предвидено проект за решавање на водоводот во Струмица.

„Имаме изработено проектирање на нов цевковод од брана Турија до фабриката за вода во Струмица во должина од 14 километри, бидејќи сегашните што се градени на крајот на 70-тите години од минатиот век, се од азбестно цементни цевки. Затоа ние мораме да изработиме проектна документација да видиме сето тоа колку ќе чини, за да можеме да го отпочнеме тој процес, за изградба на нов водовод кон потребите на Струмица“, истакна тој.

Јанков потенцираше дека Владата и министерството за локална самоуправа имаат обезбедено 29 милиони денари, средства за нова пречистителна станица во село Банско.

Во делот на аерозагадувањето, кандидатот за градоначалник Јанков, во своето излагање напомена дека планот за загадувањето ќе биде долгорочно, а не за дневно политички теми.

„Преку поставување на повеќе мерни станици, преку кои ќе имаме увид во тоа кои региони се загадени и како да постапиме во тие региони. Кога говориме и за домаќинствата предвидуваме и субвенционирање на инвертер клими со цел намалување на загадувањето на воздухот“, појасни Јанков.

Поврзани вести