Skip to main content

Јаневска: За една година изградени се седум нови училишта, се реконструираат 20 други и се градат четири спортски сали

Во рамки на денешниот саем за отчет под мотото „4 години работа за тебе“, се одржа трибина на тема „600 милиони евра за развој и локален прогрес”. Свое обраќање имаше министерката за образование и наука, Весна Јаневска и истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Министерството за образование ги поставиле темелите за изградба на еден силен национален систем.

Јаневска укажа дека за само една година реализирани се проекти во вредност од 67 милиони евра.

За само една година од добивањето на мандатот на оваа Влада, ние отпочнавме и реализираме проекти во вредност од 67 милиони евра. Значи во првата година, само со средства од Министерството за образование и наука ние покривме проекти вредни 32 милиони евра“, вели министерката Јаневска.

Јаневска додаде дека изградени се 7 нови училишта, реконструирани се 20 други останати училишта и се градат 4 спортски сали.

Изградивме 7 објекти, де факто 7 нови училишта, но во склоп на претходно постојните училишта. Во истиот тој период реконструиравме 20 други останати училишта и почнавме и градиме 4 спортски сали во Аеродром, Кисела Вода, Струга и Липково. Уште еден доказ дека оваа Влада не прави разлика во однос на локалната управа, туку води грижа само за граѓаните“, укажа Јаневска.

Поврзани вести