Skip to main content

Јаневска: Имаме една година да ја донесеме концепцијата за гимназиите, ќе разговараме, ништо не е дефинтивно одлучено

Имаме уште една година да ја донесме концепцијата за гимназиите, ова е драфт верзија, ништо не е дефинитивно одлучено, изјави денеска на прес-конфренцијата министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа кажа дека во министерството пристигнале многу забелешки, и сите се внесени и ги повика сите кои сакаат да се вклучат во креирање на новата концепција за гимназиско образование.

Уште еднаш повторувам дека тоа е драфт верзија, ставена во првиот момент на електронска јавна расправа. Добивме многу забелешки, сите ги внесуваме, првично од тоа што е побарано, гледаме дека ако ги исполниме сите барања, децата ќе имаат предмети за да останат на училиште по 10, 11 часа. Оттука јас ги повикувам сите кои сакаат да се вклучат во креирање на нова концепција да се вклучат. Никаде не брзаме. Имаме една година време за да ја донесеме концепцијата, изјави Јаневска.

Јаневска ја повика опозициската партија СДСМ која јавно искажа забелешки за концепцијата, а и сите други партии да се вклучат во креирање на концепцијата.

Наставните планови, наставните програми секако ќе бидат модернизирани и сакале или не сакале да се вклучат, подобро образование во Македонија ќе има затоа што нашите деца тоа го заслужуваат. Како МОН ќе ги посетиме, ќе ги слушнеме, ќе разговараме, но не е нешто што е дефинитвно одлучено. Не го разбирам револтот, очекував предлози, наставни програми, планови, но разбирам, минатотот не следи сите нас, продолжуваме цела година да дискутираме на концепцијата, изјави Јаневска.

Со предлгог-концепцијата се предвидуваат реформи во гимназиското образование, односно предметите Филозофија, Етика, Логика, Социологија, Педагогија да бидат во програмата како изборни предмети.

Поврзани вести