
Во Скопје утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржувањето на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска.
Натпреварот од Лигата на нации ќе се одигра со почеток во 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Поради спортскиот настан, СВР Скопје, преку Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземе мерки за воведување посебен режим и регулирање на сообраќајот во делови од градот.
Од СВР Скопје апелираат до сите граѓани и учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Македонски


