Skip to main content

Израелски медицински експерти ќе пристигнат во Македонија по смртоносниот пожар

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар го информираше министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, дека израелски медицински експерти ќе допатуваат во земјава за да помогнат по пожарот во кој загинаа 59 луѓе.

Саар исто така изрази сочувство „за страшната трагедија во која загинаа повеќе од 50 лица, а десетици беа повредени во пожарот“.

„Израел стои зад Македонија во овие тешки моменти“, се наведува во неговата објава на платформата Икс, каде што беа објавени и знамињата на Израел и Македонија.

Муцунски подоцна му се заблагодари на Саар преку објава на X, истакнувајќи: „Во овие тешки моменти, солидарноста на нашите партнери и пријатели е навистина непроценлива за нас“.

Поврзани вести