Skip to main content

Излезеноста до 9 часот во трите општини од Североистокот е 5 проценти

Излезеноста во Крива Паланка до девет часот изнесува 5.15 отсто, во Кратово 5.13 отсто, додека во Ранковце  5.96 отсто од вкупниот број гласачи запишани во избирачкито список го оствариле своето право на глас до 9 часот.

Во овие три општини изборнито процес започна навреме и гласањето се одвива непречено.

Во Општина Крива Паланка се гласа на 47 избирачки места, а во единственито избирачки список се запишани вкупно 16534 граѓани.

Во Кратово се гласа на 33 места на кои денес ќе можат да гласаат 7438 гласачи, додека во Ранковце вкупно 2921 граѓанин ќе може да гласа на осмите локални избори во државата, на 13 избирачки места.

Поврзани вести