
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Тој ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести по што ќе следи тет-а-тет средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Според агендата, планирано е состанок да одржат двете делегации по што за во 11:20 часот е најавенапрес-конференција на двајцата претседатели.
За време на посетата на хрватскиот претседател. во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим