
Агенцијата за национална безбедност (АНБ) вчера во Клубот на пратениците го одбележа 1 септември – Денот на Агенцијата. „Безбедна држава, безбедни граѓани“ е мисијата на Агенцијата, а директорот Бојан Христовски ветува дека од оваа цел нема да се откажат.
Во изјава за медиумите, Христовски рече дека во изминатата една година откако е директор на оваа институција работеле на повеќе сегменти почнувајќи од градењето на ИТ инфраструктурата, кадровското доекипирање до разбивањето на планови за терористички активности со уништување на терористичка група во земјава.
– Морам да истакнам дека наши партнери, покрај медиумите, се и граѓаните и сите заедно би требало да бидат чинители во колективната безбедност. Безбедна држава, безбедни граѓани е нашата мисија и кон тоа целиме и нема да се откажеме додека не го постигнеме тоа, рече Христовски.