Skip to main content

Грција испрати два канадера и противпожарни возила со пожарникари за гаснење на пожарот кај Дојран

Министерство за цивилна заштита и климатски кризи на Грција
Министерство за цивилна заштита и климатски кризи на Грција

Со два противпожарни авиони од типот канадер CЛ-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари, Грција помага во гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека попладнево во 18 часот по локално време двата канадери полетале од Солун, додека копнените сили што беа испратени да помогнат во големиот шумски пожар веќе интервенираат.

Додадоа дека испраќањето копнени и воздушни е по билатерално барање од Центарот за управување со кризи на Република Македонија до Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи на Грција, а грчката Влада веднаш позитивно одговорила на барањето за помош.

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, како што претходно објави МИА, преку Фејсбук порача дека „потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ“

Пожарот кај ова се гасне веќе трет ден. 

Поврзани вести