Skip to main content

Господе казни ги, ни изгореа ко глувци, златни деца – скршен татко бара одговорност

Болна атмосфера, тешки слики, траорно… На протестот во Кочани по смртта на 59 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ немаше присутен што не заплака. Таткото на едно од починатите момчиња не можеше да ја скрие тагата и револтот за загубата на синот единец. Тој низ крик го искажа својот револт кон трагедијата и побара одговорност.

-Господе казни ги. Ни изгореа ко глувци, златни деца. Нека дојдат нека ме утепаат. Не се плашете кажете ја вистината. Не се плашете луѓе. Само со вистина, ќе ја кажеме вистината. Не се бојте. Фашисти се, рече таткото, држејќи ја фотографијата од својот починат син.

Поврзани вести