Skip to main content

Ѓорѓиевски: Се работи на подобрување на работите во системот за да создадеме функционално општество во кое што сите ќе бидеме безбедни

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Правени се инспекции и контроли во минатото, но никогаш можеби не биле јавни презентирани или пак доволно презентирани од страна на градоначалниците. Она што се прави во моментов и што е во координација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се строги вонредни контроли. Она што ни беше приоритет од самиот почеток беше, за и граѓаните да видат дека нивните деца се безбедни, беше да направиме првично контроли во сите училишта и градинки на териториите на општините. Над 90% се извршени контроли во објектите од јавен карактер, изјави градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Тој напомена дека ќе се врши инспекции на јавните установи и во станбените згради, првенствено ќе се даде време на одговорните да ги средат обврските, а потоа ќе се опоменат, но и ако потоа повторно е по старо, ќе треба да се казнат управителите. Ѓорѓиевски дополни и дека помошта меѓу општините ќе продолжи и ќе има размена на инспектори за работата да биде завршена.

-Со помош на меѓу општинска соработка едните на другите ќе си помагаме во наредниот период, тоа впрочем било и пракса изминативе 3 години, така што ни претстои еден активен период во поглед на тоа дека буквално народски кажано, се ќе се чешла и толеранција нема да има спрема никого. Секој ќе добие период во кој што ќе треба да се адаптира и да ги отстрани сите неправилности кои што ги има, за да може граѓаните да се чувствуваат безбедно, порача Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски изрази жалење за пожарот во Кочани и целокупната ситуација, но истакна дека мораме да одиме напред и да го промениме системот кој не уназадува години наназад.

-Ние имаме систем полуфункционален. Ние имаме институции кои што во минатото не постапувале и тоа генерално се централни институции, јас не велам дека во локалните власти е насекаде утопија и се функционира онака како што треба, но знам колку се трудат градоначалниците целиот мандат за да се поправи се она што било наследено од претходниците. Ме радува што истото го прави и Владата во моментот, што премиерот е постојано во функција на тоа да ги подобри работите во целиот систем за да создадеме едно функционално општество во кое што сите ќе бидеме безбедни, заклучи Ѓорѓиевски.

Поврзани вести