Skip to main content

„Ги симна наочарите и рече ЈАС ЗАВРШИВ“ – Хајрулахи за состанокот со Коцевски за бонусите на СЈО (ВИДЕО)

Вечерва на Канал 5 телевизија, ќе се емитува подкастот “На кавга со Иван“, каде гостин е вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, суспендиран шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, пренесува Вечер.мк.

На прашањето од водителот Мирчевски обвинителот ја раскажа средбата со државниот обвинител:

„Коцевски вели до каде е предметот со бонусите?“ – Хајрулахи одговара дека предметот е кај обвинител и се проучува.

Хајрулахи посочи дека од страна на Коцевски имало обид за притисок за потврда на првостепената одлука, со цел на ВМРО-ДПМНЕ, како подносител на кривичната пријава, да не ѝ се додели својство на оштетен.

На ова, Хајрулахи му одговорил на Коцевски: „Обвинителе, нека се проучи предметот, па ќе видиме“. Според Хајрулахи, Коцевски вулгарно реагирал и изјавил: „Јас завршив“.

Хајрулахи додаде дека Коцевски верувал дека има работа со обвинител кој ќе каже „Лепе пеќе“ на турски, што подразбира целосна согласност.

Поврзани вести