Skip to main content

Гаши на средба со директорот на УНХЦР за Европа: Македонија е пример во регионот за решавање на прашањето со лицата без државјанство

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, имаше средба со регионалниот директор на УНХЦР за Европа, Филип Леклер, со кој разговараа за политиките на нашата држава кои се однесуваат на бегалците, но и за лицата без државјанство. На средбата двајцата соговорници потврдија дека нашата држава е пример во регионот за решавање на прашањето со лицата кои се без државјанство.

Како што соопштија од Собранието, Гаши изразил задоволство што благодарение на интензивната соработка со УНХЦР, преку измените на Законот за матична евиденција и Законот за странци и нивна практична имплементација, се решил проблемот со лицата без државјанство, со што се надминал проблемот за над 700 лица без државјанство.

На средбата присуствувал и Габриел Гуалано де Годој, претставник на Агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР, во Македонија.

Претседателот Гаши истакна дека изминативе 30 години нашата држава има многу успешна и интензивна соработка со УНХЦР, посветена на унапредување на правата и подобрување на статусот на бегалците, што резултираше со низа успешни проекти. Тој потсети дека нашата држава во повеќе наврати досега го покажала својот хуман однос кон бегалците и од регионот, но и од Блискиот Исток и Украина, соопштија од Собранието.

Гаши додал дека во времиња на глобални предизвици, демократскиот свет има обврска да им помогне на бегалците, за што полесно и побрзо да ги пребродат искушенијата со кои се соочуваат и да стекнат можности за достоинствен живот, што е основно човеково право.

Директорот на УНХЦР за Европа Леклер истакнал дека нашата држава е пример за регионот, но и пошироко за начинот на кој го решава прашањето со лицата кои се без државјанство и нагласи дека работата што ја заврши нашата држава донесе конкретни и видливи резултати.

Леклер ја истакнал соработката на УНХЦР со Интерпарламентарната Унија (ИПУ) и предложи претседателот Гаши во рамките на оваа организација, која ги обединува парламентите на светско ниво, да ги презентира успешните политики на нашата држава во делот на лицата без државјанство.

Двајцата соговорници изразиле подготвеност да продолжи меѓусебната соработка и во наредниот период.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibom güncel girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibom