Skip to main content

Гаши: Интерпелацијата за Даути нема правни последици

Тоа што беше изгласана интерпелација на пратеничката Илире Даути за позицијата претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, нема правни последици, повтори денеска, 14 јануари, претседателот на Собранието Африм Гаши, по низата партиски реакции.

Во писмена изјава до медиумите, тој вели дека „како претседател на Собранието, неговата главна одговорност е да го почитува и спроведува Деловникот и процедурите на Собранието“ и оти неговата улога завршила со самото гласање. Топката сега ја префрла кај останатите собраниски тела и пратениците.

„Важно е да се напомне дека интерпелацијата, по својата природа, не носи правни последици или ефекти. Мојата улога како Претседател заврши по завршувањето на процесот на интерпелација, како што се случи во случајот со интерпелацијата поднесена против мене пред неколку месеци. Прашањата како што се разрешувања или оставки се процедури на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратеничките групи или пратениците“, вели Гаши

Поврзани вести