На ден 3 Декември со почеток во 11:00 часот, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани ќе го посети Здружението на родители на деца со аутизам „Blue Puzzle“(Блу Пазл) – давател на услугата дневен престој и со индивидуален третман.
Адресата на настанот: ЈНА 371а, Општина Гостивар.
По повод посетата предвидени се и обраќања за јавност.