Skip to main content

ДУИ пак ќе ја спасува Попова Шапка

Кандидатот за градоначалник на Тетово од Национална алијанса за интеграција, Бајрам Реџепи, ја посети Попова Шапка со цел да ги истакне заложбите овој центар да биде најпрепознатлив со планинскиот туризам во регионот во текот на целата година.

На тој начин, смета Реџепи, ќе има многу нови работни места и туристи од земјата и регионот.

-Попова Шапка заслужува повеќе од една зимска сезона, заслужува да биде постојана туристичка дестинација која ќе оперира во текот на целата година. Имаме план за модернизација на Попова Шапка како нов скијачки ресорт со модерни гондоли и ски-лифтови. Планираме изградба на 20 нови хотели и реновирање на постојните, 10 нови ски-патеки, езеро за вештачки снег, СПА и рекреативни зони, истакна Реџепи.

Според него, со работењето во текот на целата сезона и зголемениот број капацитети ќе се отворат 1400 нови директни и индиректни работни места.

-На Попова Шапка ќе се изградат нови катни гаражи, најмалку уште два пристапни патишта, како и нови скијачки терени. Така што планираме развојот на Попова Шапка да биде главниот двигател на развојот на економијата во нашиот град, истакна Реџепи.

Тој рече дека со реализација на овие заложби Попова Шапка ќе стане гордоста на Тетово и една од најважните туристички дестинации во регионот. а

Поврзани вести