
Синоќа, Христијан Мицкоски јасно ја откри својата политичка опсесија за контрола врз албанската сцена во Македонија. Неговата најнова изјава, во која зборува за „политичко пензионирање“ на лидерот на Албанците, Али Ахмети, не е само лична желба, туку продолжение на неговата стратегија за слабеење, маргинализирање и контрола на Албанците, се наведува во соопштението од ДУИ,.
Само пред неколку дена, тој изјави дека целта на овие избори е елиминацијата на ДУИ од политичката сцена на земјата, и со тоа го потврди она за што предупредувавме со месеци: Мицкоски не бара само изборна победа, туку доминација врз Албанците и обид за контрола на нивното претставување.
Мицкоски и ВМРО, кога зборуваат за „врапчиња и славеи“, се повикуваат само на „нивните чесни Албанци“, оние што ги имаат под контрола во владата. Но вистинските Албанци, орлите на оваа земја, не можат да се затворат под еден политички кров. На 19 октомври Албанците ќе ја покажат својата сила и решителност, давајќи му заслужен одговор на оваа опсесија.
Оваа опасна идеолошка платформа, алатка на познатиот проект „српски свет“, има за цел да наметне слаби и потчинети албански политичари, кои молчат само за да ја задржат личната власт. ВРЕДИ е негов инструмент за контрола врз албанската политичка сцена, но Албанците нема да молчат.
ДУИ била и останува изборот на Албанците. Ние отсекогаш сме биле адресата на граѓаните, гарант за вистинско и достоинствено претставување. Никој нема право да одлучува за Албанците освен самите Албанци. Ова е нашата јасна порака: на 19 октомври Албанците ќе ја покажат својата сила и решителност.
На 19 октомври, куклите на Мицкоски во ВРЕДИ ќе го доживеат поразот што го заслужуваат. Орлите ќе летаат над секој обид за контрола, а гласот на Албанците ќе одекне. Ние нема да исчезнеме, нема да се понижиме и нема да дозволиме некој друг да избира наместо нас. ДУИ е тука и ќе остане гласот на Албанците кои бараат еднаквост, достоинство и право самите да одлучуваат за својата иднина.