Skip to main content

Донев: Присуството на премиерот Мицкоски на Минхенската безбедносна конференција и во Вашингтон доаѓаат во вистинско време

Најавеното присуство на премиерот Мицкоски, на Минхенската безбедносна конференција, како и посетата на Вашингтон доаѓаат во вистинско време.  Одлуката на претседателите Путин и Трамп, за брзо започнување на мировните преговори, како и говорот на државниот секретар на САД за одбрана на министерскиот состанок на НАТО, ги разбранува духовите во Европа, пишува амбасадорот Јован Донев во колумната за „Нет прес“.

Присуството на нашата делегација ќе биде уникатна можност да се чујат размислите на преставниците на различните држави. Со самото да се дефинира нашата позиција, согласно нашите национални интереси. Уште поважно, настапот на премиерот и во Минхен и во Вашингтон ќе овозможи да се слушне и македонскиот глас, во овие разбуркани денови, кои некои веќе ги нарекоа историски, пишува Донев.

Поврзани вести