
Во политиката не може да седите на две столчиња, или можете да соработувате со власта и да се залагате за нејзините програми и политики или да соработувате со опозицијата и да станете опозиција. Ставот на ЗНАМ е дека секој, не само Таравари или било која политичка партија која има отворена или затворена комуникација со нереформираната ДУИ и директна или индиректна соработка за нас како политички субјект е неприфатлив да биде составен дел на владиното мнозинство, рече вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски.
Како што појасни Димитриевски во „Само Интервју“ на Канал 5 ТВ, нереформираната ДУИ ги вклучува челните луѓе на партијата, сите оние кои беа поврзани со коруптивните скандали во минатото, сите оние кои го политизираа независниот судски и обвинителски систем и дополнително, како што рече, направија целосна политизација на целиот државен апарат или партизација против која ние се бориме.
– Не е само г. Ахмети. Таму се еден голем број политичари, Сметам дека тоа е голема политичка партија, во која има голем интелектуален и кадровски потенцијал кој може да ги замени овие актуелните кои денеска таа партија ја водат од позициите таму каде што се, рече Димитриевски, додавајќи дека тоа е нивна одлука и внатрешно прашање за нив.
Димитриевски потенцира дека ЗНАМ со ВМРО-ДПМНЕ гради партнерски однос во власта, а не притисок како во минатото. – Владината програма се имплементира во континуитет и заедно се бориме против корупцијата, како од надвор и од спротивната страна, така и во сопствените редови, подвлече Димитриевски.
Прашан за претстојните локални избори, тој рече да се остави на времето, да се завршат разговорите и потенцира дека ЗНАМ поседува човечки, интелектуаелен и партиски капацитет да има свој кандидат во најголем дел од општинските организации, а тоа, како што реч, се вкупно 50.
– Мислам дека до крајот на мај ќе го имаме епилогот од самите разговори и тоа ќе го соопштиме, додаде Димитриевски.
Тој информира дека не бега од судот, секој месец оди на рочишта и ја чека конечната одлука на судот или како што рече во овој случај на Обвинителствпото