Skip to main content

ДИК: Тесна победа за ВМРО-ДПМНЕ во Лозово

Во Општина Лозово заврши тесната трка меѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, покажуваат конечните резултати на Државната изборна комисија (ДИК).

Со 100% обработени избирачки места, кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Бошко Цветковски, освои 49,56% од гласовите (735 гласа), додека кандидатот на СДСМ, Ацо Велковски, доби 46,39% (688 гласа).

Разликата меѓу двајцата изнесува помалку од 50 гласа, што го прави Лозово една од општините со најтесен исход во вториот круг.

Поврзани вести